Изложба „Мојот универзум“ во Чифте амам

Изложба на дела изработени на стакло и коноп од ученици „Мојот универзум“ во организација на Националната галерија на Македонија денеска ќе биде отворена во Чифте амам.

Изложените дела се изработени на креативни ликовни работилници од страна на ученици од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” и гимназиите „Орце Николов“ и „Јосип БрозТито“.

Преку изложбата Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.