Изградбата на висококатници во Трнодол ќе предизвикаат свлечиште

Ако во Трндол се дозволи да се градат објекти  со повеќе спрата, ридот со сите куќи за некое време може да се излизга надолу,  стравуваат  жителите од ова населено место.  Велат дека досега се граделе објекти со приземје и еден кат, а новиот предлог на деталниот урбанистички план на Општина Карпош  дозволува повисоки градби кои земјиштето не може да ги издржи. Локалното население тврди дека истражвањата направени од стручни лица уште пред 10 тина години покажуваат дека населбата лежи на нестабилно земјиште кое ако се оптовари може да предвизика  сериозна катастрофа. Тие сведочат дека во населбата веќе има неколку свлечишта.

Токму поради овој проблем бараат надлежните сериозно да се зафтат за решавање на проблемот.

Градоначалникот на Општина Карпош, Богоев за Сител посочи дека нема да се донесе ДУП кој е спротивен на интересот на граѓаните.

Деталниот урбанистички план сега е во почетна фаза кога граѓаните даваат забелешки за се што мислат. Ќе има и јавна презентација на есен, а во меѓувреме ќе има и средби со жителите на Трнодол во врска со овој проблем. Ќе постапиме и веднаш по дел од нивните забелешки и нема шанса да донесеме ДУП кој што ќе биде спротивен на интересот на жителите, се вели во дописот на Богоев. sitel.com.mk