Изгоре куќа во населбата Бутел

Куќа во скопската населба Бутел синоќа изгоре во пожар. Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема.

Од Територијална противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот избувнал во 20 часот и 30 минути во куќа на ул. „Марко Крале“. Интеренирано е со четири возила и 11 пожарникари. Пожарот е изгаснат во утринските часови.

Изгорена е целата куќа, а материјалната штета е голема.