Изгоре еден од новите контејнери во Скопје

Во текот на изминатава ноќ беше запален еден од новите контејнери кои беа поставени низ Скопје.

Немилиот настан го фотографирале дел од скопјани кои велат дека огромен густ чад се кревал подолго време од запалениот контејнер кој горел со се ѓубрето во него.

Случајот е забележан во општината Ѓорче Петров а денеска се очекува дополнителни информации да даде локалната самоуправа и комуналното претпоријатие, а секако и МВР: