Избирај ме секој ден или пушти ме засекогаш

Можеби сум старомодна личност, можеби уште верувам во бајки и филмови и не можам да се навикнам на модерна љубов, што и да значи тоа. 

Но, не сакам половични работи. Не сакам да сум некому опција. Сакам да сум приоритет, првата личност на која ќе помислиш наутро и навечер пред спиење. Не сакам да сум избор, сакам да сум првиот избор. 

Давам љубов огромна, сакам со целото свое срце. Но, сакам и да ми биде возвратена таа љубов. Ако не е така, тоа за мене не е љубов.

Ако сакаш да сум со тебе, сакај ме секој ден. Не е лесно, никогаш не е лесно. Но, сакам да сум тука за тебе. Ќе има денови кога нема да сакаме да се погледнеме еден со друг. Го прифаќам тоа. Но, сакам да ме сакаш и во тие денови.

Избирај ме секој ден, или пушти ме да одам.

Не се плашам од самотијата, се плашам од лоша врска. Се плашам од тоа да давам љубов и да не ми биде возвратена, се плашам од лоши сигнали, од тоа да погодувам како се чувствуваш, од стравот да се соочиш со мене кога треба да ми кажеш нешто. 

Љубовта е избор. Не е само поглед, допир и страст. Не е  нешто што треба да се случи, туку нешто што треба да се случува постојано. Првиот чекор е само одлуката да сакате да бидете со некого, да одбирате да сакате.

Избирај ме секој ден, сакај ме со целото срце. Избирај ме кога бликам од среќа, кога се лутам, кога се муртам. Избирај ме и кога не можам да престанам да се смеам.

Или пушти ме засекогаш.