Истражување: Мирисот на саканата личност го подобрува сонот

Знаеме дека мирисот на роза и лаванда ни помага да се опуштиме и да заспиеме полесно, но едно ново истражување покажува дека на оваа листа треба да се додаде и мирисот на саканата личност.

Истражувачите вклучиле 155 учесници кои биле во сериозна врска. Секој од нив добил по 2 маици, а насоките биле да се спие во неа 2 ноќи по ред. Едната била бела, неискористена маица, додека пак другата припаѓала на нивниот партнер. 

Интересен факт е тоа дека самите учесници не знаеле дека една од маиците им припаѓа на нивните сакани. Според др. Францес Чен, многу изненадувачки резултат е тоа како мирисот на саканата личност може да го подобри квалитетот на сонот. Податоците покажале дека и учесниците се превртувале помалку во текот на ноќта. 

Добро познато е дека присуството на саканата личност делува смирувачки и ни дава чувство на сигурност, па овие податоци го потврдуваат тоа и за ефектот на нашиот сон. 

Затоа, ако не ја минувате ноќта со саканата личност, облечете нешто што им припаѓа.