Исповед на една жена: “Кога ми беше најтешко ми се појави Света Петка”

Света мајко Параскево што се молиш за нас грешните, помоли се и за мене, Бог мир да ми даде!

СВЕТА ПЕТКА МИ РЕЧЕ

“Речиси е пладне. Размислувам, уште малку па морам да одам до болница да го посетам брат ми, зошто неговото здравје се влошува од ден на ден. Само уште да ги соберам валканите алишта, да ги ставам во машина, па нека пере додека да се вратам.

Отворајќи ја вратата од машината, низ раката ми помина таква болка што не можев да се помрднам. Се обидов уште еднаш, ама болката само се засили, ама овојпат во градите. Се напипав со другата рака и осетив некој чвор во горниот дел од десната дојка. О Боже, не е можно…не сакам ни да помислам!

Се вртам: децата се мали, на иста возраст кога и нам ни умре мајка ни од карцином на дојка. Кому да му се доверам, а брат ми е веќе во болница…Никому.

Отидов во посета, го видов брат ми, па продолжив долж ходникот за да ја најдам лекарката која работеше на одделение. И се извинив и нејзе и ги доверив моите сомнежи, па и раскажав дека и мојата мајка од тоа умре. И велам, имам мали деца на кои сега сум им најпотребна.

Многу значи кога ќе наидете на добар лекар. Ете, јас ја имав таа среќа. Докторката веднаш реагираше и нареди да ми се направат сите потребни наоди и анализи за да добие дијагноза… “Фибро аденом”… иако почетна дијагноза… за мене беше силен удар…наследен ген од мајка ми…и речиси се струполив.

Сите од одделението се собраа околу мене. Се придржав за столицата да не паднам, ама сепак паднав. Околу мене стоеја луѓе во бели мантили. Во тој момент, тешко дека тоа ме потсетуваше на рај. Ми говореа дека сè ќе биде добро и дека нема место за паника. Се задржав околу еден час, а потоа едвај стигнав дома.

Сопругот мораше да оди на работа. Ме чекаа малите деца. Го криев погледот од нив за да не ми ги видат солзите. Низ глава ми помина мислата “Се надевам нема и моите деца да ја поминат истата судбина како и мене. Да останат без мајка”. Сепак, не можев да им се скријам, ми ги видоа солзите и ме прашаа: ”Зошто плачеш мамо, дали нешто те боли?” Им одговорив: “Не, сè е во ред… ми падна жал за вујко ви…”

Децата продолжија да си играат, додека јас обавував некои работи по дома, само за да не ми доаѓаат црни мисли. Се приближи и ноќта, а сопругот уште беше на работа.

Им приготвив вечера на децата, а потоа отидов со нив на спиење. Им раскажував приказни и тие така си заспаа. Јас долго не можев да заспијам, ги гледав нив како мирно и безгрижно спијат покрај мене. Помислив…”Се надевам нема Бог да ме раздели од нив”.

Размислувајќи така, низ моето тело ми минуваше некој немир, па повторно во себе ќе си помислев: “Се надевам дека Бог ќе ми помогне…” Не ми беше добро. Се онесвестив. Кога си дојдов на себеси, не знаев кое време е во денот, ниту што се случило. Знам само дека над мене стоеја моите деца кои плачеа. Ме довикуваа.

Едвај станав…ги прегрнав и ги милував по лиценцата. “Ох, нема Бог да ве остави без мајка”. Си легнавме сите заедно… Размислував за сè. Долго не можев да заспијам. Не знам дали беше сон или јаве, само знам дека над мојот кревет стоеше една жена во црно. Жена која ми беше многу позната…

Во левата рака држеше крст со некоја билка, а во десната ланец со крст, изработен како бројаница која се носи на рака. Се потргнав… не можев да верувам. О, Боже дали јас тоа ја гледам Света Петка? Дали е ова јаве или сон?

Ми го галеше лицето, моите деца… ме бакна во главата, а потоа се наведна и околу мојот врат ми го стави оној ланец со крст што го држеше во десната рака…говорејќи ми нешто тивко, но едвај ги слушнав овие зборови:

“Не грижи се сине, нема ти од тоа да умреш…не ти давам да ги оставиш децата”. Ме бакна и си отиде. Се потргнав и сфатив дека ова беше сон.

Ја сонував Света Петка. После неколку денови повторно отидов на лекар. Ми направија уште уште некои тестирања, но овојпат наодот беше чист, ништо немаше. Во себе проговорив: “Ти благодарам Света Петко, ти благодарам мајко моја”.

На враќање поминав од црква и запалив свеќа. На свештеникот му го раскажав сонот кој ми рече да си ја славам мојата слава, ама Света Петка да ја прославам.”

Р. М. – Подгорица