Исповед на една скопјанка: Мојата желба за независност беше поголема од желбата да станам мајка

Дипломирав на 24 години, а го отворив својот бизнис на 30 години. Оттогаш, работата се состоеше од многу жртви, работни викенди и празници.  Бев зафатена со барање нови клиенти, вработувања, обуки и подобрување на своите вештини.

Познато е колку е тешко да се постигнат сите нешта кои ги сакаме во животот – да се биде добар родител, сопруга, мајка или и добар работник на работа.

Но, јас одлучив да немам деца.

Денес, имам 51 година и работам како успешен адвокат, имајќи го сето време да живеам онака како што мислам дека е најдобро.

Иако неколку пати имав можнос да се омажам, јас секогаш ја одбирав работата. Секогаш бев искрена за тоа со мажите со кои бев во врска, а дел од нив мислеа дека можат да ме предомислат, но никој не успеа во тоа.

Многу жени чувствуваат природен мајчински инстинкт. Мислам дека е прекрасно, но тоа не е за мене. Јас едноставно не се вклопувам во таа приказна. Се сеќавам дека како помлада, често ми велеа дека ќе го променам мислењето кога ќе бидам повозрасна, но тоа не се смени. Мојата желба за независност и самооткривање секогаш беше поголема од желбата да станам мајка.

Оваа одлука ми донесе голема финансиска слобода. Да имав деца, можеби немаше да успеам толку и немаше да имам можност да вложувам во себеси, за нештата кои ме правеа среќна.

Звучи како да не размислував многу за раѓањето деца, но не е така. Тоа е одлука која ја донесов со  леснотија, но која ја преиспитував постојано. И, секогаш бев сигурна дека тоа е најдобрата одлука. Тоа е моја одлука и каква и да им изгледа на другите, таа едноставно е таква. Наместо да вложувам во семејство, јас одлучив да вложувам во себе.

И сега сум задоволна сум со тоа.