Исповед на еден самохран татко: Само јас знам што ми лежи на душата...

Кога ќе влезеш во автобус, а никој не сака да стане, иако жонглираш со две кеси, ранецот на детето и детето, а возачот е како на трки и лета.

Кога ќе влезеш во пошта со детето и воопшто не се ни трудиш да отидеш преку ред, но дедото пред тебе дофрла дека сите ние сме безобразни што доаѓаме со децата за да се истуркаме преку ред, иако ти реално немаш кому да го оставиш детето додека ги завршуваш обврските, меѓу кои е и плаќањето сметки или други работи...

Кога ќе видиш чевли кои ти се допаѓаат, но детето здогледало чизмички кои ги сака, па ти се откажуваш од тие чевли, иако е зима, а ти сѐ уште одиш со летни патики.

И навечер, кога ангелчето ќе заспие, само јас знам што ми лежи на душата и во главата...

Кога ќе ти кажат дека си се затворил и заробил, а ти се чувствуваш баш ослободено. И уште те убедуваат дека постојано грешиш, дека си тажен, нервозен, бесен, а тебе ти е преубаво, освен што ти одат на нерви со тој став.

Кога брзаш да стигнеш дома за да си го видиш детето, затоа што ти недостига и размислуваш само за нејзините книги, а утредента некој ќе те нападне што само си прошол покрај него и не си се поздравил, иако навистина си брзал и си бил расеан, па не си ги ни видел.

И кога глумат дека им се допаѓа твоето дете само за да те вплеткаат во нивната мрежа и во својот кревет, а ти по природа си фин и добар, па само си премолчуваш.

Кога во раните утрински часови, додека сите спијат, ти се будиш поради тоа што детето има температура, кога повраќа, кога нешто лошо сонува, зарем некој се интересира за тоа дали си уморен?

И кога го пиеш четвртото кафе, а уште не е ни 12, знаеш дека не е здрава и сите ти држат некакви лекции, а ти само молчиш затоа што мораш да останеш буден, а тие не сфаќаат дека не си спиел баш поради детето.

Кога им се насмевнуваш на луѓето и се воздржуваш, премолчуваш, само за да не влезеш во конфликт.

Додека така живееш, всушност учиш дека сѐ се тоа ситници, бидејќи благодарејќи на сите тие работи, твоето дете не ја симнува насмевката од лицето.

Детето секогаш е во прв план, а ние родителите сме само позадина, тивки борци за тие мали насмевки и ништо не бараме, ниту очекуваме, сѐ додека насмевките стојат на лицето на нашите деца...