Исполнети 6-те желби за 6-от роденден на Капитол мол

Пред 6 години започна биењето на срцето на Аеродром. Капитол мол беше отворен на 12-ти декември 2013 година. За својот 6-ти роденден молот одлучи да исполни 6 желби за забава, изненадувања, попусти, танци, подароци и музика.

Денешниот ден, понеделник, 16.12.2019, од 18.00 до 21.00 часот е резервиран за традиционална крводарителска акција со Црвен крст и Институт за трансфузиона медицина. Се повикуваат сите кои сакаат да дојдат и да направат добро дело.

Попустите продолжуваат до 17-ти декември 2019 година. Роденденската атмосфера, надополнета со новогодишната, го исполнува молот со многу прекрасни моменти.

Секој може да просведочи на убавината која ја носи Капитол мол уште многу години низ настаните, попустите и забавите кои редовно ќе се организираат.

Преку целата година покрај забавниот шопинг, Капитол мол претставува место каде секој член на семејството може да се пронајде себеси и сето тоа што го посакува, особено за време на празниците.