Искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода

Првиот ден од изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври почна со мал инцидент.

Непознат сторител или сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Кандидатот за градоначалник на оваа партија во Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, утрово го осуди инцидентот и рече дека се надева дека зад него не стојат политички опоненти