Исчистена депонија кај напуштеното фудбалско игралиште во Злокуќани

Општина Карпош исчисти уште една дива депонија на нејзината територија, во околината на Злокуќани, кај напуштеното фудбалско игралиште. На оваа локација, велат од локалната самоуправа, со години се фрлал отпад од страна на населението.

- Тука често се палеа и огнови на отворено, со што дополнително се придонесуваше кон зголемување на аерозагадувањето. Со цел да се спречи ново создавање на депонија, Општина Карпош ги интензивира инспекциските контроли во овој дел, а воспоставена е и комуникација со полицијата за редовни патроли во вечерните часови. Дополнително, во текот на денешниот ден, комуналните служби на Општина Карпош целосно беа фокусирани на темелно чистење на Злокуќани, велат од општината.