Исчезна Давид, синот на Зоран Роџер - семејството бара помош

Обновено: Давид е пронајден во Катланово

Скопјанецот Зоран Илиев, познат во јавноста како Зоки Роџер бара помош за да го пронајде неговиот син Давид, за кого вели дека исчезнал изутринава.

Давид има 28 години, висок е 182 сантиметри, слаб, со смеѓа коса, облечен во црн капут.

,„Случајот е пријавен во полиција, ги молам сите кои што имаат информација за син ми, да се јават на телефонските броеви 071 229 903 и 075 363 665. Давид исчезна во Скопје, јас сум моментално во Австралија“, вели Илиев во изјава за медиумите.