Инцидент во Аеродром: Полицајци нападнати од две лица

На бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, општина Аеродром, полициски службеници биле физички нападнати при вршење на службени дејства од страна на М.М. (48) и В.М., од Скопје.

М.М. бил приведен во Полициската станица Кисела Вода и се преземаат мерки за расчистување на случајот.