Имаш право да ги одбираш твоите мисли

Едно во животот е сигурно, а тоа е дека самите можете да ги одбирате вашите мисли кои ве прават среќни или несреќни! Имате право на тоа!

Па така, полесно е да имаме позитивни мисли во себеси, за разлика од оние кои нѐ спречуваат во остварување на нашите соништа. 

Кога ќе пораснете и ќе почнете да носите одлуки за себе, важно е да знаете дека самите можете да ги одбирате мислите кои ви помагаат, кои прават да се чувствувате подобро, кои дозволуваат вашатa креативност да излезе на површина. Мисли кои ви дозволуваат секојдневно малку по малку да излегувате од вашата удобна зона и кои ви овозможуваат многу поквалитетен живот. 

Сите понекогаш имаме негативни мисли, а и ни се случува понекогаш да имаме некаков негативен исход од некоја ситуација. И тоа е сосема нормално, затоа што научниците и натаму докажуваат дека низ нашиот ум дневно поминуваат 55.000 – 70.000 мисли. Но, проблемот настанува кога тие мисли постојано се надоврзуваат една на друга и така наталожуваат сомнежи, себеомаловажување и дискредитација на сопствената личност, но и на другите, ставови кои нималку не ни помагаат. Сега кога знаете колку е моќен тој дел, јасно е дека можете да го изберете она што ве прави среќни.

Изберете го она што ве прави среќни. Изберете ги мислите со кои вашата душа се поврзува. Избере ги мислите кои ве прават подобра личност, посреќна личност. Избирајте ги мислите од кои се чувствувате подобро, затоа што мислите се поврзани со чувствата, а добрите чувства се раѓаат кога имаме и подобри мисли.

Вашите мисли и чувства нека работат за вас, а не против вас. На крајот на денот никој нема да дојде и да каже: Еј ти ме натера да размислувам негативно. Ниту пак некој ќе дојде и ќе ви каже: „Еј, јас сум среќна мисла, ајде да размислуваме малку позитивно.“

Не на крајот на краиштата, вие сте господари на вашиот ум и можете да размислувате за што сакате. Да фантазирате, да ги замислувате работите кои во вас ги будат најдобрите работи. И така, со малку знаење, малку верба во себе и љубов кон себеси можете да го промените ставот и менталниот склоп. Така ќе си подарите себеси поквалитетен и поисполнет живот, затоа што самите ги бирате мислите кои го менуваат вашиот став кон себеси, кон околината и будат чувства поради кои ќе посакате засекогаш да останете среќни.

Плус афирмација: Доволно сум силен/а за да ги избирам мислите кои ми носат среќа и кои секојдневно го прават мојот живот чудесен!