Социјалните мрежи секојдневно се преполни со фотографии од убавините на Матка – местото кое вреди да се посети и истражи. Guardian минатата го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање.
Фотографот на Скопје Инфо направи фотографии од Матка кои ќе ви го привлечат вниманието и ќе ве натераат да се вљубите на прв поглед.