Станува збор за нов парк на површина од околу 100.000 квадратни метри, од која околу 90.000 квадратни метри ќе бидат зелени површини, со што ова е вториот најголем парк во Скопје, по Градскиот парк.
Во паркот има и содржини намените за децата, односно се направени 2 детски игралишта со реквизити од природни материјали. Едното игралиште е мултифункционално и може да се користи за кошарка и за фудбал, поставени се 4 кошови и 2 гола. Површината на ова игралиште е 1200 квадратни метри (40 х 30 метри), а на подлогата е нанесен асфалт.
По должината на паркот се поставени и 5 летниковци коишто ќе им овозможат на граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и на годишните времиња.
Сукцесивно ќе се уредуваат и цветни површини во делови од паркот, а наесен ќе се засадат и садници.