Игор Џамбазов, Тамара и Ај Кју на шестото издание на “Амнезија“

Традиционално и оваа година, во организација на Горила Продукција, по 6ти пат ќе се одржи фестивалот на отворено Амнезија во Лешок. Настанот е закажан за 27-ми Август, за време на големиот христијаснки празник Голема Богородица.

На нова, поголема и поатрактивна локација, сите посетители ќе имаат можност да уживаат во хитовите на Игор Џамбазов, Тамара Тодевска и Ај Кју. Фестивалот ќе биде отворен со хитовите на Ај Кју, ‘’Убава’’, ‘’Еве пак’’, ‘’Не заборавај’’ и многу други. Потоа следува настапот на Тамара и нејзиниот бенд кој ветуваат одлична забава со нејзините хитови. Последен ќе настапи најголемиот шоумен во Македонија заедно со бендот Гуру Харе.

Настанот е планирано да почне во 21 часот, а се очекува бројката на посетители да изнесува над 4000. Билетите се пуштени во продажба во мрежата на тикет плу www.tiketplus.mk, 2Nice, Mambo и Republik по цена од 200 денари, додека на врата ќе чинат 250 денари.

Досега на Amnesia Open Air настапувале САРС, Суперхикс, Бед, Нокаут... а од година во година бројката на посетителите расте, а фестивалот е еден од најпосетените во РМ.