Иџе ќе вози за македонскиот национален тим во ЕТЦЦ

Игор Стефановски-Иџе во новата сезона во европскиот шампионат на кружни патеки ќе вози за македонскиот национален тим.

Новата сезона во шампионатот започнува на 28 април и тоа на патеката во Монца.

Според распоредот, ќе се возат шест трки, а за прв пат во историјата Иџе ќе вози за македонски тим, а не како што беше пракса во претходната сезона, кога возеше за екипи од Словенија и Србија.

Стефановски лани дебитираше на Европскиот шампионат на кружни патеки, а во првата сезона во ова натпреварување успеа да слави победа на патеката во Имола.