Идеална работа: Уживајте во луксузот и се ќе ви биде платено

Сон на секој млад човек е да патува по светот, а при тоа некој за тоа и да му плати. 

Но, што треба да сработите? Треба да се престојува во најлуксузни вили за период од 3 месеци, при што месечно плаќаат по 10.000 долари. 

Оној кој ќе ја работи оваа работа мора добро да знае англиски јазик, да знае да го цени луксузот и искуството да го сподели на блог и на други социјални мрежи. 

Личноста мора да биде исклучително писмена, и да биде слободна да патува од август до ноември.

Добредојдени се сите кои имаат искуство со блог, пишан збор, а важно е да имаат добро познавање на фотографии и видео материјали кои ќе треба да ги објавуваат.