И викендов на Водно засилени инспекции за непрописно паркирање

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини.

Градските комунални редари изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).

Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација.