И покрај забраната и високите казни - викендов врие од автомобили на Водно

Важи ли се уште забраната за автомобили на Водно?

Градот Скопје од пред еден месец воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, се со цел намалување на загадувањето.

Сепак, за времене на изминатиот викенд се фотографирани многу автомобили на Водно и покрај забраната и високите казни.