И покрај сѐ, јас сум среќна!

Животот знае како да ти донесе бура во моментот кога мислиш дека конечно можеш да земеш здив. Може да те уништи и да направи одново да се сомневаш во сѐ. Но, животот исто така може да те вивне и до неверојатни височини.

И тоа е она на коешто јас се фокусирам.

Без оглед на тоа колку пати ме видел светот како плачам и ползам на земја, јас повеќе не сум несреќна. Откако поминав многу време на дното, во темен тунел, сега можам да ја видам светлината.

И иако немам целосно излезено од тој тунел, јас сепак можам да ја видам светлината која сјае посилно од сѐ. И прави да верувам дека еден ден сосема ќе бидам надвор од тунелот.

Среќна сум затоа што сфатив дека мојата среќа зависи од мене. Јас одбрав да бидам среќна, затоа што повеќе не сакав работите врз кои немам контрола да бидат работите кои ќе контролираат како се чувствувам.

Сфатив дека на другите не им е работа да ме прават среќни. И дека без оглед на тоа каква е ситуацијата, тоа ќе помине и ќе морам да одлучам како ќе се чувствувам после тоа.

Среќна сум затоа што имам сѐ што ми е потребно. Имам прекрасно семејство и пријатели кои ми се како семејство. Имам покрив над глава и храна на маса. И соништа кои ме туркаат да продолжам понатаму.

Како можам да бидам несреќна?

И не зборувам за онаа среќа која се покажува со насмевка или расположение. Зборувам за среќата која потекнува од длабочината на мојата душа. Среќата кон која можам да се свртам дури и кога сум нервозна или тажна.

Среќата којашто секогаш е тука.

Во свет кој сѐ повеќе е мрачен и тмурен, научив како да си создавам свое катче полно светлина. И покрај горчливиот вкус кој понекогаш се провлекува на мојот јазик, јас немам лоши зборови за изустување.

И не, мојот живот не е совршен. Моето минато ме прогонува, а мојата сегашност си има свои предизвици. Но, мојата иднина е светла и непознатото повеќе не ме плаши како порано.

Па така, ако ме видите збунета и ако видите како се мачам да го преживеам денот, знајте дека всушност сум добро. Знајте дека без оглед на сѐ, мојата душа е среќна.