Хуманитарна акција во Скопје „Нахрани 1.000“

Најмасовната акција за донирање на храна - “Нахрани 1000”,  по повод на одбележување на светскиот ден за борба против гладта - 17 октомври ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Целта на оваа акција, е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна, секој ден.

Организатори на акцијата се Црвениот крст на град Скопје, и Мрдни со прст - организација „Ајде Македонија” и од здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени лица „Љубезност“.