Хуман гест на Градоначалникот на Центар

Градоначалникот на скопската Општина Центар ја донирал својата декемвриска плата во хуманитарни цели. Тој заедно со вработените од општината издвоија финаниски сретства кои ги наменија за социјално загрозените семејества. 

Општина Центар, во неколку различни хуманитарни акции собрале вкупно 760 000 денари, од кои околу 600 000 се донација од уметниците кои настапуваа на новогодинешната ноќ на скверот Јадран. Покрај нив, сретства донирале и неколку приватни фирми. 

Од општината информираат дека парите ќе бидат поделение на нашите сограѓани на кои им се најмногу потребни.