Хрватска атрактивна за сезонска работа за Македонците

Оваа лето Хрватска е полна со Македонци, кои работат некоја сезонска работа. 

Македонците, млади и повозрасни не го губат интересот за работа во странство, особено за сезонска од неколку месеци во земјите од регионот и во Европа.

Годинава доста атрактивна е Хрватска особено за работа во угостителството.

Хрватска е атрактивна поради поволните услови и платата што ја нудат рботодавците.

Поволната плата почнувајќи од 600 се до над 1000 евра за работа во угостителството ја прави Хрватска атрактивна овој период за сезонска работа за младите и повозрасните Македонци. Хрватските работодавци според договорот, нудат работа за сите кои не се од земјите во ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Тие нудат и работни дозволи, бесплатно сместување и храна, солидни плати и комплетни услови, особено со платен превоз назад за ангажираните работници. Лани се одеше во Бугарија, но годинава, дефинитивно е атрактивна Хрватска за сезонска работа од три и повеќе месеци.

За работа се бараат и многу искусни и работници со занимање, атрактивни за оние на возраст од преку 30 години.