Храбро чекори напред

Храбро чекори напред и тогаш кога темнината те прогонува.

Ти само храбро чекори напред, без трошка страв.

Знај дека светлината е секогаш во тебе и бдее над тебе. 

Сакај се себеси, затоа што дури кога во целост ќе се засакаш себеси, ќе се заљубиш во целиот овој свет.

Ќе сфатиш дека овој живот е прекрасен, подарок кој ти е подарен на тебе.

Начули ги ушите и ќе слушнеш како љубовта ти се враќа.

Остави го минатото зад себе и само храбро чекори напред.

Прости си ги на себе сите минати гревови и дозволи да останат зад тебе. 

Ти денес имаш можност да чекориш во светлината.

Разбери човеку дека навистина не е важно што се случило вчера.

Тоа повеќе не си ти, па затоа и немој да си замеруваш.

Ти само оди, мирот нека те води.

Чекори во хармонија со својот свет, оставајќи ги сите лоши работи зад себе.

Ти беше потребна храброст, храброст која многумина ја немаат.

Па затоа, само оди и среќата ќе биде со тебе. 

Од калта ќе израсне лотус.

Повторно ќе се откриеш себеси.

Јас сум тука и сѐ уште те следам со безусловната љубов која ја заслужуваш.

Одважи се човеку и само опуштено чекори понатаму. 

Знај дека те сакам, отсекогаш и засекогаш.