Храбра продавачка од Скопје избрка крадец

Во 20 часот и 45 минути синоќа, во продавница на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје, непознат сторител извршил разбојништво во обид.

Полицјата информира дека тој со закана со нож се обидел да изврши разбојништво, но бил спречен од вработената. Таа физички го нападнала со удари по телото, по што тој избегал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.