Хороскоп: Зошто изневеруваме?

Се грижите дека вашиот партнер ќе ве изневери? Секој хороскопски знак знае да биде склон кон изневерување од различни причини, но има хороскопски знаци кои веднаш би изневериле, без размислување.

Овен

Ако родените во овој знак се одлучат да изневерат, тоа е поради недостаток на возбуда и љубов во врската. На овие луѓе им е потребен некој кој може да го издржи неговото темпо. Неговото его бара потребно внимание, па затоа доколку веќе другата личност не го прави среќен, тој ќе побара среќа надвор од врската.

Бик

Биковите се многу предадени личности, па ќе се одлучат на неверство ако се сомневаат дека личноста која ја сакаат не им е подеднакво предадена. Бикот е изразено сензуален и лесно може да ги привлече другите. За да го спречите тоа, покажете му колку ви е важен и емоционално, но и физички. Биковите сакаат вкусни оброци и многу секс и затоа имајте го тоа на ум.

Близнаци

На немирните Близнаци им е потребна интелектуална стимулација за да останат поврзани со  својот партнер и затоа не треба да дозволите да ја снема таквата поврзаност. Ако Близнаците изневерат, тоа најчесто ќе биде емоционална афера, а не физичка. Тие најчесто изневеруваат на интернет, и неверството ќе остане на тоа ниво.

Рак

Слатките Ракови нема да се одлучат на неверство, освен ако не се чувствуваат осамено. Ниското ниво на самодоверба често е и една од причините зошто тие изневеруваат. Тоа го јакне нивното его и во тој момент тие воопшто не размислуваат за последиците. Ако забележите дека вашиот партнер роден во овој знак се чувствува занемарено, внимавајте. Уверете ги дека ви значат и дека ги сакате.

Лав

Лавовите, како и родените во знакот Овен сакаат драма и возбудувања. Покрај тоа, тие сакаат да бидат и центар на внимането, но и најдобри во сите нешта. Научете неколку секси трикови и покажете им колку ви е убаво со нив. Ако Лавот ве изневери, тоа најчесто ќе биде со помлада личност. Тие секогаш привлекуваат многу луѓе околу себе и секогаш ќе го изберат најдоброто.

Девица

Родените во овој знак можат да бидат и преостри  кон себе и затоа остануваат предадени во врската. Но, ако Девицата е изнервирана бидејќи не и обрнувате внимание или сте премногу критички настроени кон нив, таа може да биде критички настроена кон вас и да почне веднаш да бара ваша замена. Освен тоа, штом ве изневери ќе се потруди да дознаете за да ве повреди.

Вага

Родените во овој знак го сакаат балансот и тие се многу чесни и посветени личности. Сепак, Вагите сакаат да се дружат и да флертуваат, па така без своја волја можат понекогаш и предалеку да отидат во флертувањето. Но, ако во партнерот најдат љубов и пријателство, никогаш не би изневериле. За да не го дозволите тоа, покажете им дека сте сакани и секогаш бидете тука за да им дадете поддршка.

Шкорпија

Шкорпијата е мрачна, мистериозна и страствена, па затоа често се поврзува со изневерување, но таа не е поневерна од другите знаци, туку едноставно е само постраствена. Шкорпијата умее да биде особено посветена кон својата сакана личност, но има силна физичка желба и секогаш трага кон страст и возбуда.

Стрелец

Стрелците бараат внимание и авантура, а тоа се однесува и на љубовта и сексот. Тие секогаш бараат нови нешта и тешко стапуваат во врска, па затоа потребни се многу напори за да ги оставите посветени. Но, ако постојано смислувате нови нешта, нема за што да се грижите. Нема воопшто ни да помислат на друга личност. Само не ги заборавајте нештата кои ги прават среќни и возбудени.

Јарец

Смирените и студени Јарци најчесто се верни, бидејќи се дисциплинирани и умеат да се запрат себеси за да не направат грешка. Но, Јарците бараат љубов и восхит од своите партнери, па затоа ако не го добијат тоа, нема да се трудат да бидат воопшто дисциплинирани. Сепак, Јарците се многу чесни, па во најголем дел од ситуациите прво ќе раскинат, а дури потоа ќе започнат нова врска.

Водолија

Водолијата е најромантичен знак во хороскопот и потребно и е да почувствува дека е сакана и почитувана. Од друга страна, Водолиите се многу харизматични личности и постојано имаат луѓе околу себе. Затоа, ако една Водолија се соочи со досада во врската, таа воопшто нема да размислува дали да изневери. Тие се најнепредвидливиот знак, па затоа ако и вие сте еднакво непредвидливи, Водолиите едноставно го губат интересот.

Риби

Рибите се сонувачи и имаат бујна фантазија, па така тие и веруваат во бајковита љубов до крајот на животот. Сепак, тие многу идеализираат и доколку во врската не го најдат тоа што го имаат замислено, ќе побараат личност која можеби ќе им го исполни тоа што го замислиле. Тие сакаат магија и ако не им ја дадете, многу лесно ќе ве заменат со нова личност.

 

air max 90 essential sale