Хороскоп за сите знаци за првата млада месечина годинава: Нови патишта се отвораат од 24 јануари

Младата месечина настапува во Водолија на 24 јануари 2020 година. Ова е првата млада месечина за оваа година, која носи оригинална и необична енергија.

Со оглед на тоа дека Водолијата е со широки сфаќања, можеме да очекуваме помош од сите страни, а посебно од пријателите. Водолијата е поврзана со надежите, желбите, љубовта, па одредени личности можат да се заљубат во некој кој е уникатен и оригинален. 

Сега е време да се ослободите и од секојдневната рутина и да ја разбиете монотонијата. Ќе биде изразена и потребата за слобода. Овој период, младата месечина,Сонцето и Месечината прават квадрат со Уран што не е воопшто едноставно бидејќи со молњевита брзина би можеле да се случуваат многу работи на полето на пријателствата, љубовта, финансиите и другите животни аспекти. Истиот ден, Марс прави квадрат со Нептун што може да донесе нервоза, нереди, убоди, несигурност и многу други проблеми.

Овен

За овните, оваа месечина настапува во нивната единаесетта куќа каде можат да започнат нови пријателства, нешто оригинално, но и нов тим на работа. Многу Овни ќе сакаат своите желби да ги спроведат на дело и тоа ќе им се исполни. Држете се до целта.

Бик

Оваа Млада месечина кај Биковите доаѓа во полето задолжено за кариера. Многу Бикови ќе имаат изненадни ситуации кои не ги планирале. Внимавајте на потенцијални скандали пред јавноста или емоционални шокови.

Близнаци

Оваа месечина кај вас се случува во вашето деветто поле наменето за сопствената филозофија, учење и проучување, духовност, патувања. Може да се развие нов поглед на животот, или пак да се одлучите за некоја нова насока.

Рак

Кај Раковите, младата месечина настапува во осмото поле поврзано со интуицијата, трансформацијата и новите погледи на партнерските односи, но  и осигурување и долгови. Може да ви се случи да добиете пари од партнерот, вашата мајка или некоја друга жена. 

Лав

Кај вас, оваа млада Месечина надоаѓа во седмото поле на партнерски односи, јавност, тајни непријатели па би можело да се случи да станете многу популарни. Нагласена е силна сензитивност кај вас.

Девица

Оваа месечина кај Девиците  доаѓа во вашето шесто поле на секојдневниот живот, здравје и работа. Можни се одредени промени  овие денови, а вашата прилагодливост ќе биде навистина изразена. Посебно внимание треба да обрнете на авторитетите, односно како се однесувате кон оние кои ви се надредени.

Вага

Кај вас, оваа млада месечина доаѓа во петтото поле што носи позитивни ситуации на полето на љубовта. Исто така, добри емоции ве очекуваат ако имате деца. Одредени Ваги би можеле театрално да се однесуваат. 

Шкорпија

Младата месечина кај вас настапува во полето на вашите корени и емоции, односно во четвртата куќа. Можни се големи промени во вашите емоции, а одредени Шкорпии би решиле да се осамостојат од своите родители. Секако, многу од ситуациите ќе бидат нагласени и врзани со куќата и домот.

Стрелец

За Стрелците, младата месечина настапува во вашата трета куќа на комуникација, кратки патувања, договори, трговија и папирологија. Сега е период кога треба да избегнувате да бидете драматични. Многу Стрелци треба да почнат да ја слушаат својата интуиција. 

Јарец

Кај вас, ова млада месечина настапува во полето на финансиите па вашата енергија ќе биде насочена на таа област. Второ важно поле е исхраната, па така треба да се потрудите да направите некој нов почеток на тоа поле. Оставете го тоа што ви пречи позади себе и тргнете во нов животен тек. 

Водолија

Кај вас, младата месечина настапува во вашето прво поле што е поврзано со начинот на размислување и физичкиот изглед. Одредени Водолии можат да чувствуваат немир додека некои пак ќе почнат да воведуваат иновации.  Вашата бујна фантазија ќе биде изразена па така и чувствителноста на окружувањето. Сакате да бидете слободни и да не зависите од никој друг.

Риби

За Рибите, ова се случува во нивното дванаесетто поле на психа и духовност. Сега е време да направите нешто за себе на тоа поле. Повлечете се и наполнете ги своите батерии.