Хороскоп: Кои се вашите навики со кои ги иритирате другите додека сте во врска?

Без оглед на нашето љубовно искуство, сите имаме одредени навики кога сме заљубени. Но, некои од нив се навистина иритирачки за луѓето околу нас.

Овен

Овните во врска се заљубени, опиени и одушевени така што не можат да се одлепат од своите партнери. Тоа е слатко, но само одреден период. Како што минува времето, тоа почнува да ги иритира другите, особено кога станува збор за претераните изливи на емоции. Штом некој ви го посочи тоа, веднаш станувате воинствени и ги браните своите чувства.

Бик

Иако на почетокот на врската сте резервирани, штом сфатите дека врската е вистинска, во целост сте посветени и предадени, па така ги спуштате своите ѕидови и целосно се предавате на саканата личност. Таа поплава од емоции е слатка и искрена, но носи и откривање на сето она што го имате во себе. 

Генерално не сте посесивни, но сакате секој момент да го поминете со саканата личност, а тоа може да биде многу иритантно за другите.

Близнаци

За Близнаците, важи правилото дека се однесуваат како двојна личност. Но, поголем проблем е што вие ги задржувате сите опции отворени, па ги испробувате сите опции додека не сте сигурни дека целосно сте заљубени. Една лоша навика е тоа што можете многу лесно да ги смените своите чувства во еден момент, па да се префрлите кон друга личност и така во круг.

Рак

Добро е што не сакате емоционални игри, не се плашите од своите чувства и подготвени сте да се предадете на другата личност. Сепак проблем е што многу брзо почнувате да ја планирате иднината, венчавката и тоа како ќе се викаат децата. Тоа може да ја исплаши саканата личност, а и да биде смешно и иритантно за вашите блиски.

Лав

Ваша лоша навика е тоа што никако не можете да бидете задоволни со својата врска од почеток до крај, секогаш се споредувате со другите настојувајќи да бидете најдобри. А, ако другата страна почне да се однесува романтично, веднаш ќе се исплашите и ќе пробате да избегате.

Девица

За разлика од Раковите, на Девиците им е потребно сето време на светот да се отворат и да станат сигурни во својата врска. Во одредена мера ќе ја криете љубовта од јавноста, од партнерот, а во некои случаи и од себе. 

Вага

Кога Вагите се во врска, целиот свет мора да знае за тоа. Објавуваат на социјалните мрежи, споделуваат со сите што ги знаат и ја опсипуваат саканата личност со подароци. Иако сите се среќни поради вас, можеби не треба да брзате толку уште од самиот почеток. Некогаш, најубавата љубов е таа што е скриена од другите.

Шкорпија

Кога Шкорпиите ќе засакаат некого, умеете да бидете посесивни и љубоморни, така што некогаш ги преминувате сите граници. Некому тоа може да му ласка, но може да биде прилично оптоварувачко, а и да делува како да ја контролирате другата личност.

Стрелец

Вие сте отворени и дружељубиви и постојано имате потреба да се смеете и флертувате со некого. Но, тоа го правите несвесно а може да не изгледа баш така наивно од страна. Иако сте бескрајно заљубени во својот партнер, сепак постојано испраќате измешани сигнали како нему, така и на другите.

Јарец

Јарците се вистински контрол-фрик како во љубовта, така и севкупно во животот. Дали од страв или некаква навика, вие морате да сте главни и нема да се смирите додека луѓето не играат по вашите правила. Тоа може да биде голем проблем со партнери што се слични на вас.

Водолија

Често, однесувањето на Водолиите е контрадикторно – на почеток сте воздржани, фокусирани, а потоа во целост ја вртите приказната и станувате премногу посветени. Партнерот некако мора да се навикнува на ваквото расположение и да сфати дека тоа е дел од вашата личност.

Риби

Рибите се вистински сонувачи и сакаат да минуваат време во својот свет. Сепак, тие често имаат одредени очекувања кои не ги споделуваат со саканата личност, па често можат да се разочараат без тие да се свесни за тоа. Никој не умее да чита мисли, тоа треба да го знаете.