Херојот од Детската клиника во Скопје: Румеса ја победи леукемијата, здрава заминува дома!

Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е се така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка.

Детската клиника од Скопје на својата фејсбук страна објави прекрасна вест: Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома! Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче!

Драга наша Румеса, нема веќе боцкања и страв, само напред, порачаа од Детската Клиника, а ние и посакуваме уште многу здравје и долг живот исполнет со многу убавини. 

Фотографии се објавени со одобрение од родител.