Хаос за неврологија, скопјанец бил агресивен и ги навредувал вработените

Вчера во 18.12 часот во СВР Скопје, вработена во Ургентен центар - Неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила нарушување на јавниот ред и мир од страна на неколку лица кои дошле на клиниката, се однесувале агресивно и им се заканувале на вработените.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за лицето Љ.Н. од Скопје, информираат од МВР. Полицијата работи на расчистување на случајот.