Гужва, метеж и редици возила: За влез во Грција се чека по три часа

Редица возила се бележи и на преминот за излез од Македонија, но и за влез во Грција. Продолжениот викенд е причина голем број од граѓаните викендот да го поминат на некоја од грчките плажи.

На граничниот премин Богородица, за влез во Грција, се чека и по повеќе од три часа. Огромна е колоната возила за влез во Грција. Редица возила се бележи и на преминот за излез од Македонија, но и за влез во Грција.

Возила од Македонија и главно од Србија се наредени до бензинската станица на ОКТА пред контролите од македонска страна. И пет ленти се веќе малку за нормален премин на границата. 

Продолжениот викенд е причина голем број од граѓаните викендот да го поминат на една од грчките плажи.