Групна тепачка во Миладиновци

На 19.10.2019 во 15.40 часот во СВР Скопје, Б.Д.(47) од с.Миладиновци, скопско, пријавил дека околу 15.30 часот на ул.„10“ во с.Миладиновци, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до физичка пресметка меѓу Е.Д.(18) од с.Миладиновци и 17-годишен малолетник од Скопје од една страна, и И.М.(42) и Ф.М.(19), и двајцата од с.Миладиновци, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.