„Грешки“ поради кои не треба да се извинувате

Алберт Ајнштајн вели : Личноста која не направила грешка, никогаш во животот не пробала нешто ново.

Во животот, грешките се неизбежни освен ако живееме под стаклено ѕвоно на некое одалечено и напуштено место. Грешките се дел од нашиот живот и тоа е така за поголемиот дел од луѓето. Тие имаат моќ да не направаат посилни и попаметни, бидејќи не учат на значајни животни лекции. Тие се дел од нашите одлуки и иако некои луѓе не би се сложиле со нив или не ги поддржале, сепак тие се НАШИ грешки.

Ова се „грешките“ за кои никогаш не треба да се извинувате

Носите одлуки кои ве прават среќни, иако другите не се согласуваат

Можеби досега веќе сте сфатиле дека луѓето имаат тенденција да ги критикуваат другите луѓе за одлукит екои ги носат. Голем дел од нив имаат цела листа на причини зошто не треба да правите нешто.  Таквите луѓе посакуваат индиректно да ги живеат животите на другите луѓе. Доколку имате такви луѓе околу вас треба да знаете дека тоа е ваш живот и дека треба да го живеете на начин кој ќе ве направи најсреќни.

Ги поставувате вашите потреби и желби на прво место

Кога ќе сфатите дека никој друг не може да ви ја понуди среќата која можете да си ја дадете себеси, тогаш станувате свесни дека вашите желби и приоритети треба да дојдат на прво место. Кога го земате својот живот во сопствени раце, за многу луѓе тоа значи дека сте себична личност која гледа само за себеси. Но, не треба да се оптоварувате со тоа. Напротив, треба да знаете дека поставувањето на своите потреби на прво место е најдоброто нешто што можете да го направите за себеси, односно за вашата благосостојба. Тоа не значи дека треба да не ги земате предвид туѓите потреби и желби, туку само да бидете свесни дека вашата среќа и благосостојба се ваша одговорност.

Сте се заљубиле во личност со која не испаднало ништо добро

Голем дел од луѓето на старите врски и љубови гледаат со каење и ги сметаат за огромна грешка. Дополнително масло на оганот додаваат коментарите на оние околу нас кои често не потсетуваат на таквите грешки. Но, зарем од тоа не научивте некаква лекција за својот живот? Зарем тоа не ве научи на многу работи за луѓето?

Немојте никогаш никому да се извинувате за вашето минато. Сите нешта кои ви се случиле имаат огромна улога во вашиот личен развој.

Сакате повеќе од тоа што ви го пружа животот

Тоа што сакате повеќе од својот живот не ве прави неблагодарни или размазени, туку ве прави личности со цели. Тоа значи дека имате соништа кои сакате да ги остварите и барате начин како да го направите тоа. Другите можеби на тоа ќе гледаат со негодување, нарекувајќи ве идеалист или пак неблагодарна личност која никогаш не е задоволна.

Но постои голема разлика меѓу тоа да сте незадоволни и да сте задоволни од својот живот и да сакате повеќе. Не дозволувајте никогаш да се чувствувате лошо ако сакате промени и нови, подобри нешта во вашиот живот.

Живеете живот кој не е дел од општествените трендови

Луѓето генерално уживаат да зборуваат за туѓите животи, а тоа особено се случува кога личност не живее согласно на трендовите кои се прифатени во општеството. Доколку вие ја живеете својата вистина и сте чесни и среќни личности, што е важно дали е тоа дел од некој тренд во кој веруваат другите луѓе. Голем дел од нив следат некакви трендови, но и се незадоволни и се чувствуваат непријатно правејќи го тоа.

Секој заслужува да живее живот согласно на своите убедувања, се додека тоа не е на штета на другите луѓе. Запаметете го тоа.