Граѓаните со петиција бараат ЈСП да ги врати линиите со број 9 и 19

Граѓаните на населбите Топанско Поле и Шуто Оризари покренаа петиција за враќање на автобуските линии на ЈСП-Скопје кои се обраќаат на оваа релација.

Имено, без најава ЈСП- Скопје по Нова година ги укина автобуските линии 19ка и 9ка, релација која во најголем број ја користат жителите од Шуто оризари и Топанско Поле. Граѓаните и учениците на овие населени места направија акција за потпишување на петиција до ЈСП.

Сите граѓаните на следниот линк може да ја поддржат и потпишат петицијата за враќање на линиите со број 9 и 19.