Граѓаните исплашени: Ќе има ли покачување на цена на струјата, како на дизелот и водата!?

Најавите дека од јануари идната година ќе возиме со поскап дизел и ќе плаќаме поскапа вода ги вознемири граѓаните, бидејќи во земјава се возат многу дизел возила и приватно и службено,а тоа значително ќе ги зголеми транспортните трошоци.

Министерот за финасии Драган Тевдовски на јавната дебата за предлог-буџетот за 2018 година најави корекција на цената на дизелот во малопродажба за 3,5 денари по литар, а Регулаторната комисија за енергетика која сега ќе биде задолжена за регулацијата на водата најави дека 75% од општините и јавните претпријатија сметаат дека цената на водата треба да биде повисока.

Пресметките велат дека само од горивата очекува ефект во Буџетот за догодина да изнесува 26 милиони евра, а од ДДВ-то уште дополнителни 5 милиони.

Експертите укажуваат дека првичните пресметки велат дека акцизата ќе има големо влијание врз домашниот буџет, а со тоа ќе се зголемат трошоците на секое семејство кое поседува дизел автомобил. Но, реално се очекува да се се покачат и цените на останати производи, бидејќи најголем дел од компаниите користат нафта за транспорт на производите.

Компаниите кои работат со камионџиите задолжени за домашниот и странскиот пазар, посочуваат дека речиси 99 % од возилата користат дизел гориво така што и нивите услуги се очекува да добијат нов ценовник.

Токму затоа покачувањето на цената на дизелот се очекува значително да го почувствуваат компаниите за шпедиција и такси компаниите.

Ако во просек месечно по возило се троши околу 70 литра дизел гориво, со зголемување на акцизата ќе треба да се одвојат месечно дополнително 245 денари, а на годишно ниво, тоа би изнесувало речиси 3.000 денари или околу 50 евра.

И од Здружението на даноичните советници констатираат дека секако повисоките цени на дизелот ќе се одрази на домашниот буџет кај семејствата што имаат дизел возило, но се е во интерес на заштита на животната средина.

Министерот Тевдовски, претставувајќи го предлог-буџетот за 2018 година потенцираше дека со растот на акцизата не очекува инфлаторно придвижување и дека од тој аспект јавноста може да биде мирна.

– Не очекуваме дека ова да доведе до инфлаторен притисок бидејќи нафатата е дел од енергентите заедно со струјата што во цените учествуваат со 10 проценти, а ова што ние го предлагаме се однесува само на нафтата, а не на бензинот и на струјата. Секако, тоа е едно мало делче што е предвидено во нашата проекција за инфлација од 1,7 процент – објасни министерот Тевдовски деновиве по јавната дебата.

Причина за зголемување на акцизата се препораките од ЕУ за заштита на животната средина и намалување на загадувањето, бидејќи Македонија е една од ретките земји каде дизелот се продава поевтино од бензинот. Но и покрај повисоките цени зголемување цената на нафтата во Македонија ќе биде пониска во однос на регионот.

Според статистичките анализи бројот на возила во Македонија во ноември 2016 година изнесувал: 226.513 возила кои користат бензин, 203.643 возила употребуваат дизел, 11.620 се на плин и само 63 електромобили кои што користат струја.

Сепак одлуката не е конечна, а веќе неофицијално се зборува дека можно е да има реакции од министрите во владата оти над 200.000 возила во земјава се возат на дизел, па според тоа можно е да се оцени како непопуларна мерка.

Централната банка на иста линија како ресорното министерство, со оптимистички прогнози. Проекциите на Народната банка на РМ е дека инфлацијата оваа година ќе остане 1,3% , а наредната 2 отсто, дефицитот на тековната сметка е нешто понизок од априлската проеција и ќе изнесува 2%.

Народната банка ја намали проекцијата за раст на македонската економија. Од априлските 2,5 % сега предвидуваат само 0,5% раст. Наредната и 2019 година растот на БДП ќе изнесува 3,2 и 3,5%, кој ќе биде поттикнат од извозот, инвестициите и личната потрошувачка. Надолната ревизија се должи на намалената економска активност, намалените инвестии и падот на јавната потрошувачка.

Според гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, намалувањето во проекциите се должи на падот на БДП од 0,9 проценти во првото полугодие, а и на некои краткорочни индикатори, како што се индустриското производство и градежништвото, кои се во пад во третиот квартал. Во четвртиот квартал се очекува подобрување, па оттаму и проекцијата за годишен раст на економијата од 0,5 проценти.

Во пресметките на НБРМ за инфлацијата не се земени предвид ефектите од најавеното зголемување на акцизата, кое ќе доведе до раст на цените на некои горива.

Но и работодавачите воздржани, но со доза на оптимизмот. Според нив тоа се должи и на растот на минималната плата која од септември со Законот за минимална плата изнесува 12.000 денари. За таа цел како што деновиве информираше МТСП финансиска поддршка за исплаќање минимална плата во октомври ќе добијат 560 компании за субвенционирање на 2.724 вработени.

Според податоците што МТСП ги добило од УЈП, финансиската поддршка за минимална плата што ќе ја исплати Министерството за октомври изнесува вкупно 3.262.000 денари наменети за компаниите кои ги исполниле условите за субвенција.