
Во текстот објавен на официјалната страна на Европската ракометна федерација, коментаторот на EHF TV дава свое гледиште за престојниот меч меѓу екипите на Металург и Киелце, зборувајќи и за гостопримливиот дух на Скопјани, навивачката страст и атмосферата која води до победа.
Во својот текст, тој пишува:
Во рамки на групата Ц, следната станица е Скопје, натпреварот меѓу Металург и Киелце. Ова е битка меѓу двата тима кои се јакнеа оваа година во Лигата на шампионите. Тимот на Киелце доживеа значајни промени, но Металург се исти како и минатата година.
Скопје е убаво место со голема гостољубивост. Ништо не е премногу за нив, а чинијата е секогаш празна по долгото патување.Денот трае од 6:00 наутро до 1:00 навечер.
Спортската сала е секогаш полна на денот на натреварот, бидејќи македонците живеат за тоа. Тие се фанатични за својот тим. Минатата сезона, натпреварот против Загреб беше главна вест на националните телевизии. Тоа е извонредно, исто како и големото црвено знаме, со жолто сонце кое ја покрива едната страна од салата. Таа слика никого не остава рамнодушен, исто како и фактот дека публиката никогаш не замолчува за време на натпреварот.

Ја обожавам атмосферата во сите сали во Европа. Но, никогаш не сум почувствувал таква атмосфера како на натпреварите на Металург. Се надевам дека Киелце ќе може да се соочи и да ја преживее бурата во Скопје.
Смешната страна е дека Наумче Мојсовски и Златко Мојсоски се браќа, но нивните презимиња се различни.Прашав еднаш зошто двајцата браќа имаат различни презимиња, но ми рекоа дека за тоа се виновни службениците кои ги потпишале нивните изводи на раѓање.
Червар заврши добра работа за Металург, но и за македонскиот ракомет, со тоа што од тим кој отсуствуваше на европската сцена го доведе до тим од кој секој се плаши, особено кога играат на домашен терен.