Градот Скопје почна да ги применува измените за првоз со еколошки такси возила

Градот Скопје почна да ги применува измените на законот за првоз со еколошки такси возила.

Од Градот велат дека со измената и дополна на Законот за превоз, овозможено е изводите од лиценца за возила за авто-такси превоз кои се еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон) да не се ограничени, односно да може барателот кој врши авто-такси дејност да може да поднесе барање за повеќе од 10 изводи, но најмногу 5 проценти од вкупниот број на изводи од лиценца за авто-такси дејност утврден со Одлука за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје или максимум 135 изводи од лиценца по барател.

Пред оваа измена и дополна на Законот за превоз, распределбата на слободните изводи од лиценци за сите видови возила беше ограничена на максимален број од 3 изводи од лиценца за возило месечно, а 10 изводи годишно по вршител на авто-такси превоз.

Советот на Град Скопје со акт ги утврдува условите во врска со вршењето на авто-такси превозот на патници, а се однесува на промена на начинот на издавање на изводи од лиценци за еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови.