Градоначалникот на Чаир добитник на наградата „13 Ноември“ од Сојузот на спортови

Сојузот на спортови во Скопје му ја додели на градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу наградата 13 Ноември, која од 1970 година традиционално се доделува на лицата кои придонесуваат во промовирањето на спортските вредности и развојот на спортот во Скопје.

- Во мојот живот секогаш посветено работам да ја поттикнам љубовта за спортот кај младите и да ја поддржам професионалната работа на спортските клубови. Наградата која денес ми е доделена не ја сфаќам само како личен успех, туку како заедничко достигнување со спортските работници во правец на многуте спортски успеси и посебно како морална обврска за здравото едуцирање на идните генерации. Ние како спортски работници нема да застанеме тука и ќе продолжиме да го поддржиме овој пат на успесите. Во овој правец, и како градоначалник на Општина Чаир една од главните приоритети во мојата работна агенда е подобрувањето на спортската инфраструктура – рече Ганиу.