Градоначалникот Богдановиќ секој вторник ќе има приемен ден за граѓаните за да им ги сослуша проблемите

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во вторникот го имаше првиот отворен ден за граѓаните, по што најави дека секој нареден вторник од 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Центар, ќе има Отворен ден за граѓаните на општината.

Отворениот ден, Центарци го искористиле да се пожалат од гласната музика од локалите, дивите депонии, имотно-правни односи и узурпација на јавните површини.

Заинтересираните граѓани ќе можат да го пријават своето учество секој работен ден на телефоните: 02/3203-682 и 02/3203-602, лично – на пријавницата во Општина Центар (барака бр.4) и електронски, на info@centar.gov.mk.