Градежни работи во тек: Ако одите на викенд или одмор во Грција - внимавајте на овој дел од патот

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви  коловози.

Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин "Богородица" до клучка Гевгелија во должина од 5км.

Компанијата Ескалатори МК дооел – Скопје известува дека ќе ги изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска Клучка). Сообраќајот ќе се одвива под одобрен изменет режим во период од 17.07.2017 год.  до  31.12.2017 год.

На патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.