Град Скопје: На Партизанска се уште се во тек градежните работи, асфалтот не е оштетен по реконструкција

Град Скопје реагира на информациите во јавноста дека е оштетен асфалтот на булеварот Партизански одреди веднаш по реконструкцијата бидејќи се уште се во тек градежните работи.

-Претходно, беше извршена санација на коловозот пред автобуските стојалишта (пред Симпо) и поставен времен асфалтен слој се додека не се постави финален асфалтен слој на потегот од улицата со Франклин Рузвелт до раскрсницата со булеварот 8.Септември, како што е предвидено во проектот за реконструкција. Периодов, се работи на реконструкција на коловозот пред автобуските стојалишта од спротивната страна на булеварот Партизански одреди (спроти Симпо), стои во соопштението на Град Скопје.

Реконструкцијата на булеварот Партизански одреди се реализира од раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт до раскрсницата со булеварот 8.Септември.

Со оваа реконструкција ќе се изврши гребење на постојниот асфалт и ќе се нанесат  два слоја  асфалт на шесте летни на потег во должина од околу 900 метри, или околу 1.900 метри во двата правци.