Град Скопје изврши реконструкција на делови од објектот на библиотеката „Другарче“

Град Скопје изминатиов период изврши реконструкција на делови од објектот на библиотеката „Другарче“.

Во рамките на овие градежни активности беше извршена санација на платото и на скалите пред влезот на објектот, а беше целосно реновирана и детската игротека во библиотеката „Другарче.“ Во детската игротека е поставена нова опрема и реквизити.

Извршената реконструкција е дел од континуираните заложби на Градот Скопје за подобрување на условите за корисниците на услугите на културните институции под негова надлежност.

Финансиските средства за оваа реконструкција беа обезбедни од Буџетот на Град Скопје.