Готови за 20 минути: Коцки со кокос – чупавци

 

Состојки:

1 пакување пишкоти

150 гр темно чоколадо

2 дл млеко

2 дл слатка павлака

250 гр кокос

Начин на подготовка:

Искршете чоколадо на коцки и ставете го во длабока чинија. Додајте млеко и павлака па загрејте на тивок оган со постојано мешање додека не ги поврзете сите состојки во крем. Оставете да се излади.

Пишкотите потопете ги во крем, па извалкате ги во кокос. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите пишкоти. По желба помеѓу две пишкоти додавајте фил.