Големи промени во април за три хороскопски знаци

Април е прекрасен месец во кој пролетта доаѓа на голема врата, а вистинска пролет доаѓа за Водолиите, Близнаците и Биковите. На 8 април имаме полна Месчина, а Венера во Близнаци од 3 април дополнително ја полни оваа полна Месечина.

Венера го започнува своето ретроградно движење од 13 мај до 25 јуни. Врските се префрлаат на ново ниво. На 4 април Јупитер ќе се здружи со Плутон и ќе открие неколку тајни. 

Во текот на овие космички случувања, Близнаците, Водолиите и Биковите ќе доживеат неверојатни промени!

Близнаци

Овој месец ќе биде забавен за вас, затоа што космичките промени ќе влијаат на вашиот стил на комуницирање и романтика. Шармантната Венера ќе ве благослови со љубов и среќа. Само бидете искрени и не се обидувајте да ги измамите другите. Со оглед на тоа дека Венера влијае на вашите вештини за забавување и образовни вештини, можеби е време да се испробате и на ова поле. 

Бик

Наскоро ќе започне сезоната на Биковите и доаѓа вашиот роденден. Венера, кралицата на љубовта, ќе биде во вашиот знак и ќе влезе во Близнаци, а тоа ќе влијае на вашите финансии. Внимавајте на пресметките. Можете да си дозволите скриени задоволства, но не претерувајте. Марс ќе се здружи со Венера и ќе влијае на вашата кариера. Треба да знаете дека се менувате и дозволете тоа да се случи. 

Водолија

Марс влегува во вашиот знак и прави квадрат со вашито владетел Уран. Таа врска ќе влијае на вашиот дом и ќе ви донесе продуктивна енергија, која може да ве направи малку своеглави. Но, Марс ќе се здружи и со Венера и ќе внесе малку љубов и креативност во вашиот живот. Насочете ја таа енергија кон нешто креативно. Полната Месечина во Вага влегува во вашата куќа на верба, што значи дека ова е уште една можност да ја прегрнете својата слобода. Уживајте во промените кои се случуваат во вас.