Голема празнична заштеда само до недела: Со една влезница на четири EXIT фестивали!

Само до 15-ти јануари трае најголемата празнична акција откако постои EXIT.

 Само до тогаш, сите купувачи на влезница за EXIT, ќе добијат на подарок влезници за преостанатите три фестивали на EXIT Лето на љубовта 2017:  Sea Dance на преубавата плажа Јаз во Црна Гора, прогласена од страна на Lonely Planet за најдобра плажа во Европа; Sea Star во атрактивниот туристички комплекс Stella Marris во Умаг и Revolution фестивалот во историското село на периферијата на Темишвар во Романија. EXIT влезниците по цена од 3.580 денари може да се купат во Македонија преку продажната мрежа на МКтикетс, односно во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Во продажба се и многу ограничен број на туристички пакети за EXIT фестивал со цена од 69 евра.

Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на Exit Trip, официјалната туристичка агенција на EXIT Лето на љубовта, може да се одбере и друг тип на сместување, во хотели, хостели или апартмани. Во понудата се и ограничен број на пакети за Sea Star и Sea Dance фестивалите, по цена веќе од 49 евра во кои влегуваат ноќевања во кампот на фестивалите, како и влезница, а има и опции со сместување во апартмани во рамки на фестивалскиот комплекс на Sea Star веќе од 9.99 евра за ноќевање по лице. Повеќе информации на www.exittrip.org.

EXIT тимот оваа година ќе спои дури четири фестивали во регионот во единственото EXIT Лето на љубовта 2017. Прв во низата фестивали е Sea Star, новиот фестивал во Истра кој на 26-ти и 27-ми мај ќе се одржи во туристичкиот комплекс на Умаг - Stella Maris! Веќе е познат дел од програмата за главната бина која првата ноќ ја предводи еден од најпопуларните светски бендови The Prodigy, а потврдени се и Dubioza kolektiv и Urban&4. Следниот фестивал на EXIT Лето на љубовта 2017 е романскиот Revolution фестивал во Темишвар, кој ќе се одржи на 2-ри и 3-ти јуни. Веднаш по EXIT фестивалот кој ќе се одржува од 6-ти до 9-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, EXIT Авантурата како и претходните години продолжува со новото, веќе четврто издание на Sea Dance фестивал од 13-ти до 15-ти јули!
 
Сите четири фестивали во организација на EXIT тимот оваа година ќе го прослават јубилејот 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност.

Како единствен современ музички фестивал кој е настанат од борбата за општествена промена и чија мисија е поврзување и регионална соработка, EXIT на овој начин сака да ја зачува основната идеја од која настанаа и првите големи музички фестивали, уште кон крајот на шеесетите години од минатиот век, како што се Woodstock, Monterey и други, но и да ги пренесе пораките на тогашното движење кои на денешниот свет му се потребни повеќе од било кога.