Голем љубовен хороскоп за март

Тајна врска за Биковите, бурна авантура за Близнаците.

 

Овен

Ако сте во врска

Овој месец носи среќни околности и ви пружа можност вашиот однос со партнерот да го подобрите онолку колку што можете. Ќе имате и можност да отпатувате некаде на викенд и да минете убави мигови во интимна атмосфера. Заедничките планови ќе почнат да се остваруваат и ќе откриете колку сте му потребни на својот партнер.

Ако не сте во врска

На почетокот на месецот ќе се заљубите и ќе откриете колку и се допаѓате на таа личност. На почетокот ќе ви делува дека таа личност е срамежлива, но веќе на средината на месецот во вас ќе се разбудат страстите. Ќе бидете пријатно изненадени и многу задоволни. Во последниот дел од март ќе сфатите дека таа личност е и малку љубоморна. Некои Овни ќе започнат бурна авантура со личност која ќе ја запознаат во друштво или на некоја забава.

Бик

Ако  сте во врска

Почетокот на месецот ви носи повеќе забава, убави моменти, размена на нежности што ќе ве направи многу задоволни. Ќе бидете заинтересирани за дружење и гледање со заедничките пријатели. На 11 март ќе успеете да најдете решение за проблемите кои ве мачат веќе подолго време. На 17 март ќе почнете да разговарате за исполнување на заедничките цели.

Ако не сте во врска

Ќе бидете немирни и склони кон непостојано однесување. Шансата да влезете во емоционална врска со личност која ви се допаѓа ќе биде пропуштена од ваша страна, со огромна леснотија. Можно е да влезете во тајна врска со личност со која повеќе ќе ве интересира сексот отколку нешто сериозно. 20 март ви носи личност која ќе биде заинтересирана за сериозна врска, но ако ви се допаѓа, ќе морате повеќе да се потрудите околу таа личност.

Близнаци

Ако сте во врска

На почетокот на март можни се несогласувања и препирки со саканата личност. Нема да можете да се сложите околу заедничките планови. За среќа, ќе бидете отворени кон компромис потоа и ќе имате добро чувство и потреба за саканата личност. Ќе биде неопходно да седнете и да разговарате. Во втората половина од месецот ќе се дружите со заедничките пријатели и ќе имате повеќе иницијатива за излегување и забава.

Ако не сте во врска

Може да се случи да се заљубите на самиот почеток на месецот, тоа ќе биде личност која ја познавате од вашето друштво, а со која и претходно сте биле во површен пријателски однос. Ќе откриете нови заеднички теми и ќе уживате во убави моменти. Ќе посакате и да влезете во врска со таа личност, но потоа ќе се покаже дека не сте еден за друг. Без оглед на тоа, ќе имате интересна и бурна авантура.

Рак

Ако  сте во врска

Предложете и на саканата личност заеднички активности кои би можеле да го исполнат вашето време во кое ќе дојде до остварување на заедничките планови и цели. Вториот дел од март носи можност за заедничко патување на кое ќе уживате. По 17 март ќе имате огромна желба на саканата личност да и пружите поддршка, со што ќе внесете и динамика и повеќе страст во врската.

Ако не сте во врска

Овој месец ви носи одлично познанство со личност од странство, а која можете да ја запознаете на некое патување или преку роднини. Ќе си се допаднете еден на друг на прв поглед и ќе поминете убави моменти заедно. Подоцна ќе се потрудите да ја одржите врската на далечина што ќе ве направи многу задоволни. Ќе сакате повеќе, но другата страна нема да биде премногу заинтересирана.

Лав

Ако сте во врска

Во првата половина на март, вашиот партнер ќе се посвети на средување и разубавување на заедничкиот простор. Ќе чувстувате голема потреба да минувате повеќе време во својот дом со саканата личност, но и со заеднички пријатели. Тоа позитивно ќе се одрази на вашиот однос. Од 11-13 март ќе имате различни ставови во врска со заедничките излегувања, патувања и планови.

Ако не сте во врска

Март ви носи познанство со личност која е сосема различна од сите луѓе кои ги познавате. Ќе биде добро образована, информирана и отворена за различни разговори и размена на мислења. Освен тоа и многу љубезна и симпатична. Ќе ви се допадне на прв поглед. Ќе посакате почесто да се гледате, но тешко ќе ви биде да ја придобиете оваа личност. потрудете се добро.

Девица

Ако  сте во врска

Вашите односи со саканата личност ќе бидат исполнети со разбирање во првиот дел на март. Повеќе време ќе минувате заедно и еден на друг ќе си даде искрени емоции и поддршка. Ќе ви годи да излегувате на места кои ви се допаѓаат. Ќе посакате и да поминете еден викенд надвор од дома, што многу ќе ви годи. По 9 март добивате можност да ги поправите работите за кои долго размислувате, така што искористете ја таквата шанса.

Ако не сте во врска

Сакате да почнете сериозна врска на долг рок. Ќе ви годи личност која е повеќе забавна, отколку сериозна или практична. Шансите да запознаете таква личност се големи по 17 март. На почетокот ќе чувствувате силна привлечност, но некои Девици ќе бараат совршеност. Некои Девици ќе почнат да се гледаат со личност која живее во нивното соседство.

Останатите знаци на наредната страна...

Вага

Ако сте во врска

Ќе и покажете на саканата личност колку ги цените нејзините особини и колку ви значи тоа што во некои моменти сте си голема поддршка еден на друг. По 7 март можно е да се чувствувате малку несигурно во однос на љубовта и да дојде до напнатост. По 23 март, добро би било да седнете и разговарате за да ги решите сите несогласувања.

Ако не сте во врска

Ќе ве привлече личност која ќе ви сигнализира дека и се допаѓате. Ќе чувствувате обострана привлечност, но нешто ќе ве одбива да започнете врска. Некои Ваги ќе имаат силна желба да бидат слободни овој месец и да не го менуваат тоа, туку само да се дружат и изглегуваат. За некои пак, можна е кратка авантура со личност која ќе ја запознаат на средина на месецот.

Шкорпија

Ако сте во врска

На саканата личност и пружате искрени емоции и умеете да внесете радост во врскаста. Овој месец ви носи многу заеднички излегувања, а втората половина од месецот за некои Шкорпии носи веридба и брак. Можно е да дојде до несогласувања и спротиставени мислења и ставови, но секако избегнувајте кавги.

Ако не сте во врска

Почетокот на месецот ќе се заљубите во личност која ќе ви се допадне на прв поглед. Тоа е личност со интересен изглед и силни чувства која веднаш ќе ве освои. На почетокот ќе ви делува дека е мошне веројатно да ја заведете оваа личност, но ќе се соочите со мали проблеми. Сепак, постојат шанси да влезете во врска. Некои Шкорпии ќе бараат начин да го украдат вниманието на личност која им е тешко достапна.

Стрелец

Ако  сте во врска

Почетокот на месецот носи препирања и несогласувања со саканата личност во врска ситници кои не можете да ги усогласите, а кои се насобираат. Време е да почнете да ги решавате, за да не внесете дополнителна напнатост во врската. Потребна ви е забава. Другата половина на март ќе биде потребно да се посветите на заедничките планови и да ја подобрите комуникацијата со партнерот.

Ако не сте во врска

Март носи познанство со личност која е комуникативна, забавна и интелигентна, што и највеќе ќе ве привлече. Ќе откриете дека имате многу заеднички интереси, но ќе дознаете и дека таа личност излегла од долга врска и дека уште пати по бившата љубов. Тоа ќе го отежни започнувањето врска. Потребно е да бидете трпеливи.

Јарец

Ако  сте во врска

Потрудете се да го исполните ветувањето дадено на саканата личност. Крајно време е да се активирате и да посветите повеќе внимание на вашиот партнер. Овој месец од вас ќе бара повеќе напори во однос на врската, но морате да го направите тоа. Крајот на месецот носи подобрување на односите.

Ако не сте во врска

Личноста која ви се допаѓа и која често ја гледате ќе ви даде шанса да и пријдете. Имајте на ум дека се работи за личност која има високи критериуми кога станува збор за врските и дека таа постојано ќе ве става на тест. Ако сакате да се докажете, ставете ја оваа личност високо на листата на своите приоритети.

Водолија

Ако сте во врска

Почетокот на месецот, партнерот од вас ќе бара голема поддршка и доказ за вашата љубов. Потрудете се да го обезбедите тоа. Тоа ќе ви помогне да ја зацврстите врската. Ќе имате и можност повеќе да излегувате и да имате време за забава. Крајот на месецот носи мали несогласувања кои брзо ќе ги решите.

Ако не сте во врска

Првиот дел од месецот ви носи познанство со личност која ја знаете преку други пријатели. Ќе препознаете нешто блиско во нив, а највеќе ќе ги цените оригиналноста и идеите. Од една страна ќе имате отворени разговори на различни теми, а од друга пак ќе ви биде тешко да ги разбудите своите емоции. Бидете трпеливи. Некои Водолии ќе влезат во возбудлива авантура, со личност која ќе ја сретнат сосема случајно.

Риби

Ако сте во врска

На почетокот на месецот можни се минливи несогласувања со саканата личност. Неопходни се промени во врската за да не дојде до заладување на односите. Ќе ви биде потребно да прифатите повеќе одговорност и да почнете да ги решавате сите несогласувања кои долго се наталожуваа.

Ако не сте во врска

Ќе бидете разочарани и нема да верувате дека веќе нема романтични личности, но со огромна брзина ќе престанете да размислувате така кога ќе ја запознаете својата сродна душа. Ќе излегувате често и се ќе изгледа идеално. Сепак, внимавајте и не брзајте многу.