Голем градски МАСКЕНБАЛ – еве каква забава ќе има на плоштад и во ноќните клубови

По повод денот на шегата 1 април скопските дискотеки, клубови..Организираат забави под маски, доколку се уште не сте се одлучиле каде ќе се забавувате утре еве неколку предлози од нас:

Станица 26!

Club Havana Skopje

 

Клуб Синема

ХО Клуб

Vox Night Club!

Награда за јавна маска на 2016 во „Јавна соба“

„Јавна соба“ на први април со почеток од 21 часот доделува награда за најдобра „Јавна маска на 2016” која ќе биде изработена по принципот „направи сам”.

-Во минатото кога не ни помислувавме за купување на маски , туку одевме по комши, пријатели и роднини и собиравме предмети, облека, чевли и друго, сé со цел да испродуцираме сами што подобра својата маска за први април. Сами или во група, јавно ја презентиравме сопствената досетливост и притоа добро се забавувавме. Бидете дел од креативната забава на први април исполнета со музичка програма во „Јавна соба“ заедно со вашите пријатели и другари и освојте наградата за најкреативна јавна маска која само сте ја создале – велат од „Јавна соба“.

Влезот за сите посетители е бесплатен, а забавата добрата музика и смеењето се загарантирани.

Плоштад „Македонија“

Покрај дневната забавата за најмладите оваа година ќе има и забава за повозрасните.Бонус ноќна забава од 21 часот на плоштадот со настапи на повеќе музичари: „Пиреја“, Kоста Kостовски, Kристина Арнаудова, Сашо Гигов - Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Kрлиу, Билјана Дабеска. На сцената ќе продефилираат и маскирани посетители, а најавени се и изненадувања.